Трагедија во Хрватска. Едномесечно бебе од Копривница било изгризано од куче во пределот на главата. Со тешка повреда девојчето било пренесено во болница каде му била извршена операција, но докторите се уште стравуваат за нејзиниот живот.

Бебето беше донесено во 19 часот во болница. Итно му беше направено снимање на главата за да се види тежината на повредата. Индициран е неурохируршки оперативен зафат и детето е оперирано. Во моментов се наоѓа на интензивна нега. Станува збор за тешки повреди, со оглед на структурите кои се зафатени“, изјави д-р Горан Роиќ.

Нападот се случил во спалната соба

Во меѓувреме за страшниот настан кој се случи во петокот се огласи и копривничката полиција со нови детали за нападот на кучето врз детето.  Како што известуваат, околу 14 часот во спалната соба на семејство од Копривница куче од расата Аргентинска Дога го изгризало едномесечното дете. Девојчето, додаваат од полицијата, е родено пред само 39 дена.

Сопственик на кучето е таткото на детето

Кучето е во сопственост на 45 годишниот татко на детето, јавува локалниот портал Кликај.хр. Полицијата спроведува истрага да утврди како точно дошло до овој трагичен случај.