Барањето за 750 милијарди долари за одбрана кој претседателот на САД, Доналд Трамп го изнесе пред Конгресот е најголем до сега, а аргументиран е меѓу другото и со растечката сила на кинеското и руското вооружување, пренесува Ројтерс.
Од друга страна, Кина откри дека ги зголемила трошоците за одбрана за 7,5 отсто годишно, тоа би значело дека вкупниот трошок за одбрана е околу 177 милијарди долари.
Од кинеското министерство за одбрана изјавија дека Кина е посветена на мирот и дека САД сакаат да говорат за „теорија за кинеска закана“, обвинувајќи го министерството за одбрана на САД, дека кога и да се „борат“ за нов воен буџет, зборуваат за опасностите кои им се закануваат од други држави.
Порачуваат Вашингтон да заборави на начинот на кој размислува од Студената војна и да преземат чекори кои би создале стабилна атмосфера во односите меѓу двете воени сили. Главните спорови меѓу Кина и САД во моментов се правото на пловидба во Јужнокинеското море како и фактот дека САД одбриле продажба на повеќе воени авиони Ф-16 на Тајван.
Comments are closed for this post.