Вечерва, во Ново Село, Струмица, се оддржа протест за поддршка на Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност.
Граѓаните кои протестираа во рацете носеа парола „Слобода за Митко Чавков“, реагирајќи на затворската казна од 18 години, која му беше досудена како обвинет во случајот „27 април“.
Една од активистките – роднина на Чавков, се обрати на протестот, истакнувајќи дека Митко се борел за Македонија и бидејќи и таа се борела за Македонија, нека ја уапсат и неа.
Од 16 обвинети, само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда. Останатите имаат право на жалба до Апелациониот суд, а во меѓувреме ќе се жалат и на притворот кој им беше одреден веднаш по соопштувањето на првостепената пресуда.
Comments are closed for this post.