ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот Зоран Заев дека бесрамно лажел и се обидел политички да профтира од трагичната несреќа на новинарот Никола Младенов.
Од партијата велат дека три години подоцна вистината ја открила сопругата на новинарот Младенов, која откри дека се работи за сообраќајна незгода предизвикана од неприлагодена брзина.
Ова е потврда, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ дека тогашните органи на истрагата не прикривале никого, туку професионално ја завршиле работата и ја утврдиле фактичката состојба, рече во изјава за медиумите Маја Славева член на партијата.
Comments are closed for this post.