Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, до медиумите испрати демант, како што пишува, на изнесените невистинити податоци од страна на претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
„Од страна на претседателката на ДКСК, на прес конференција, беа изнесени неточни информации дека јас, Сашо Јанкоски, во својство на градоначалник на општина Вевчани, не сум доставил ниту анкетен лист, ниту изјава за интереси. Ова во целост го демантирам, бидејќи на ден 24.09.2018 година, истите сум ги испратил по пошта, а на 25.09.2018, истите, се примени и во ДКСК и во УЈП. – се наведува во демантот.
Во прилог Ви ја доставувам и изјавата која сум ја дал на нотар и каде јавно се откажувам од заштита на банкарските сметки во домашни и странски банки.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на вчерашната седница донесе одлука да поведе прекршочна постапка против шест градоначалници кои не поднесле Анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси.
Comments are closed for this post.