Возачот на автобусот на Дурмо турс во моментот на несреќата не зборувал на мобилен телефон, нагласи денеска обвинителот Сашо Рајчев. Тој објасни дека врз возачот било изготвено медицинско вештачење и било констатирано дека нема никакви соматски пореметувања.
Се вештачеше неговиот мобилен телефон од МВР од секторот за компјутерски криминал и беше констатирано дека во критичното време не бил употребуван.
Според тоа, главна причина била брзината и неможноста да сопре поради неисправните сопирачки.
Comments are closed for this post.