Непознат маж скокна од мост в море во Шибеник. И покрај фактот што мостот е висок 40 метри, тој преживеа.
„Човекот е жив и префрлен в болница“, изјави портпаролката на шибенско-книнската полициска управа, Марица Косор.
„Мажот скокна од мостот в море, а го забележале членовите на екипажот на една едрилица, која во тој момент поминувала под мостот“, додава Косор.
Мостот во Шибеник го поврзува Шибеничкиот Залив на Јадранската магистрала, во близина на реката Крка.
Comments are closed for this post.