По назначувањето на Зинедин Зидан за старо-нов тренер на Реал Мадрид, веќе почнаа шпекулациите кои ќе бидат летните засилувања во тимот.

Според шпанските медиуми, Зидан сака „Кралеви“ да станат Азар, Мбапе и Нејмар. Прашање е колку ова е изводиливо ако се знае дека Мбапе веќе се изјасни дека ќе остане во ПСЖ, додека, пак, бразилската ѕвезда се уште не одлучил за тоа дали ќе остане во Париз.

Се чини дека во моментов најреална опција е да го донесат Азар кој не е задоволнен од минутажата во Челзи.