Во пресрет на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија на кое треба да се бира новиот претседател се вжештија односите меѓу Агенцијата за млади и спорт и ФФМ.

Војната започна откако Агенцијата испрати писмо до федерацијата во кое им се закани дека ќе ја укинат доколку не го усогласат Статутот со Законот за спорт.

На овие обвинувања возврати и ФФМ, исто така преку писмо во кое ја обвинуваа Агенцијата дека го крши уставот на државата.

Со оглед на тоа дека во барањето од Агенцијата за млади и спорт се цитирани одредби од Уставот, овде пред се морале да го имаат во предвид членот 15 од Уставот, според кој се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен, пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања.

Со ваквото барање имајки го во предвид член 15 од Уставот, Агенцијата за млади и спорт врши грубо кршење на правата загарантирани со Уставот – стои во писмото на ФФМ.