Откако еднаш го отфрли во јануари годинава, Британскиот парламент денеска ќе гласа за договорот за Брегзит.
Британската премиерка Тереза Меј вчера во Стразбур се сретна со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во последен обид да добие гаранција која претходно договорениот договор со ЕУ ќе го направи прифатлив за британските пратеници.
„Денеска, обезбедивме правно известување за измените“, рекла Меј на заедничката прес-конференција со Јункер, 17 дена пред излегувањето на Велика Британија од Унијата.
Правно обврзувачкиот договор всушност е додаток на претходно постигнатиот договор меѓу Меј и ЕУ минатата година и предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ.
Comments are closed for this post.