Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов заедно со својата сопруга Маја Иванова, присуствуваше на приемот што претседателот на САД, Доналд Трамп го организираше за шефовите на делегациите на 73-то Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера во Њујорк присуствуваше на отворањето на генералната дебата на 73. Генерално собрание на Обединетите Нации, кое годинава е на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.
Во рамки на учеството на Генералното Собрание на ОН, македонскиот претседател одржа и билатерални средби со јорданскиот крал Абдула Втори.
Исто така и со Владимир Воронков, заменик-генерален секретар на ОН задолжен за контра-тероризам.
Се сретна и со надбискуп Пол Ричард Галагер, секретар за надворешни работи на Ватикан.
Comments are closed for this post.