Латино ѕвездата Џенифер Лопез се вери со Алекс Родригез по две години врска. Веста ја соопшти Родригез, со фотографија на Instagram, покажувајќи дијамантски свршенички прстен.
Пред 2 месеци пејачката ја прослави двегодишнината од врската со пензионираниот рагби играч Алекс Родригез. Веста за свршувачката на парот брзо се рашири на интернет, поради романтичната фотографија со прстен на раката што 43-годишната пејачка ја објави на Instagram.
„Таа рече да“ – напиша Алекс. Ова ќе биде четврти брак за Џеј Ло.
Парот моментално е на одмор на егзотична дестинација, а веста за свршувачката ја потврди и гласноговорникот на Родригез. Тој зад себе има еден брак и две ќерки со Синтија Скуртис. По разводот беше во врска со Мадона, Мелиса Бритос, Кејт Хадсон, Камерон Диаз, Деми Мур и други славни жени.
Comments are closed for this post.