Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на мастерс турнирот во Индијан Велс, откако го совлада американецот Бјорн Фратанџело со 7-6 и 6-2 по час и половина игра.

Популарниот Ноле изненадувачки се изнамачи во првиот сет, посебно кога во петтиот гем Фратанџело направи брејк и поведе со 3:2. Тогаш беше јасно дека се влегува неизвесна игра.

Ѓоковиќ губеше со 5:3, меѓутоа, во потполност се врати со два врзани гемови и возврати со брејк, по што со обострани успешни сервиси се дојде до тај-брејк, кој српскиот тенисер успеа да го освои.

За Ѓоковиќ ова беше прв меч по 42 дена пауза па очигледно имаше проблем да фати ритам. Најдобриот тенисер во светот во следното кол се среќава со Филип Колшрајбер од Германија.