МЗТ Скопје го победи Работнички со 70:74 (35:39) во „Градски парк”, откако успеа да слави во 143 „вечно дерби” во Првата македонска кошаркарска лига. Со тоа тимот од Аеродром му врати на шампионот за поразот на домашен терен во првиот меч сезонава.

Гостинскиот тим како што објави МИА водеше речиси во текот на цел натпревар и ја диктираше играта, откако одигра и одлично во одбраната, додека домаќините инсистираа премногу на шут од три поени, откако реализираа само 11 од 39 удари од далечина.

Најдобар за МЗТ беше Иванов со 22 поени, додека Самарџиски забележа „дабл-дабл” од 16 поени и 16 скока.

Кај Работнички, Крстевски заврши со 19 поени, а Мираковски реализира 18 поени.

По триумфот вечерва, МЗТ e на врвот на табелата со скор 14-2