Проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполни очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Показател за лошата работа на СЈО смета дека се и анкетите. На средбата која ја имал со специјалната обвинителка Катица Јанева таа не го убедила во нејзините квалитети.
Можам да кажам дека СЈО не само што не ги оправда очекувањата кога беше формирано, туку напротив целосно ги разочара и тоа е јасно видливо и на анкетите и оние мерења на мислења на граѓаните какви мислење имаат тие за СЈО, чија алатка, во чии раце е СЈО и така натаму. Не само што не успеа да ме убеди во нејзините капацитети како човек и нејзината стручност е на ниско и дискутабилно ниво и ја пропушти својата шанса да биде Специјален јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Таа се претстави во едно лошо светло и не ј а заслужува поддршката ниту таа ниту тој тим, нагласи Мицкоски во гостувањето во ТВ Алфа.
Работата на СЈО ќе биде една од темите за кои Заев и Мицкоски ќе разговаараат на лидерската средба во Недела.
Comments are closed for this post.