Законот за попис е во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери, информираа денеска владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.
Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред – истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.
Пописот на населението треба да се спроведе во 2020 година, а спорен беше делот, дали во него да има или да нема графа за етничка припадност на граѓаните.
Comments are closed for this post.