Непознати сторители го осквернавиле гробот на водачот на усташите во Хрватска Анте Павелиќ. Неговиот гроб се наоѓа во Мадрид, Шпанија во семејната гробница во која почиваат и сопругата и синот. На гробницата има испрскано црвена боја и нацртан срп и чекан.
Павелиќ се населил во Мадрид откако долги години се криел во Аргентина по прогонот на југословенските власти како главен на усташкото движење во НДХ.
Comments are closed for this post.