На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.
Како што информираат од Министерството за здравство, детето претходно боледувало и од церебрална парализа.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.
Comments are closed for this post.