Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние утре во Брисел ќе се сретне со британскиот тим за преговори.
„Барние утре ќе има средба со британскиот обвинител Џефри Кокс и со министерот за Брегзит, Стивен Баркли“, најави портпарол на Европската комисија.
Утрешната средба следи откако во саботата Барние изјави дека ЕУ е подготвена да и даде дополнителни гаранции на Велика Британија за да помогне за одобрување на договорот за Брегзит во Парламентот во Лондон.
Comments are closed for this post.