Германското сојузно министерство за внатрешни работи донираше 20 возила и 351 пар чизми за Македонската полиција. Вредноста на оваа донација која ќе биде користена од Граничната служба на полицијата е во вредност 380 илјади евра.
Министерот Спасовски изрази благодарност и кажа дека со ова донација уште еднаш се потврдува дека во германската полиција имаме проверен партнер.
„Германија и понатаму ќе ве поддржува на овој пат“, порача генералот Грегор Пелцл, но додаде дека Владата ќе мора да испорача одредени реформи, тука се вбројуваат и реформите на безбедносните структури, изјави директорот на Одделението за анализа при Федералната полиција на Германија .
Меѓу другото најави потпишување договор за соработка во областа на безбедноста помеѓу двете држави.
Comments are closed for this post.