Актуелниот тренер на Металург, Данило Брестовац е назначен за нов селектор на македонската ракоментна репрезентација. Ова е решението на Ракометната федерација откако досегашниот стратег Раул Гонзалес си поднесе оставка.
По назначувањето тој изјави дека е задоволен што му е укажана доверба и оти ќе се обиде да ја оправда.
Резултатите на Македонија на големите првенства се важни, но некако станаа помалку спорни од начинот на играње. Барем на последните два Мундијала, спорно беше дали и зошто нашата репрезентација мора да игра „7 на 6“. Не ми е проблем што сме 15. место, проблем ми е како дојдовме до него-рече новиот селектор
Тој вели дека е подготвен за новиот предизвик кој доаѓа во вистинско време.
– Благодарност до претседателот и до комисијата која одговори позитивно на мојата кандидатура. Сето тоа што го имам зад себе ми дава за право да се надевам на остварување на мојот сон. Имам соработка со РФМ подолго време, мислам дека за мене е нормално да се нафатам на овој предизвик, иако во разговорите со мои блиски, некои ми сугерираа дека не ми е време. Мислам дека не ми е рано. Со некои од момците сум играл, некои сум ги тренирал, па полесно ќе ја направам фузијата на играчите што се во заминување и оние во доаѓање. За краток период ќе го формирам и мојот стручен штаб, вели Брестовац.
Comments are closed for this post.