Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани, велат во СДСМ
Според нив, мачнина се гледа на ликот на Мицкоски кој се уште зборува „за удари“ со истиот боксерски речник како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.
По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот – криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност.
Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад.
Јасна е разликата, за првпат во историјата, 30 партии од сите етнички заедници застанаа зад еден кандидат. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево Пендаровски натпартиски кандидат за претседател на сите граѓани.
Од друга страна, кандидатот на Мицкоски, Силјановска добива поддршка само од оние политички субјекти кои работат против ЕУ и НАТО.
На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ.
Тоа е Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.