Луѓето кои ја прекинале употербата на Фејсбук стануваат посреќни помалку екстремни во нивните политички ставови, покажува проучувањето на Стендфордскиот универзитет спроведено преку 2.844 корисници, кои ги деактивирале своите акаунти во период од четири недели.
Спротивно на очекувањата на научниците, вниманието на корисниците не се префрлило од Фејсбук на други социјални мрежи, туку тие едноставно минувале помалку време онлајн и социјалните мрежи ги замениле со гледање телевизија или на средби со роднини и пријатели. По завршувањето на експериментот, мнозинството корисници биле наклонети да ја ограничат или сопрат употребата на Фејсбук.
Компанијата има 2,6 милијарди активни корисници во целиот свет, а во 2016 година просечното време, што тие го минувале на Фејсбук изнесувало околу 50 минути.
Со деактивирањето на Фејсбук корисниците добиле 60 минути повеќе слободно време дневно. Тие не ги промениле навиките за добивање информации од други извори и минале околу 15% помалку време за информирање околу тековните настани. Тоа ги направило значително понеинформирани, а истовремено им ја намалила и поларизацијата во нивните сфаќања.
Учесниците им соопштиле на научниците дека во иднина планираат помалку да го користат Фејсбук и неколку недели подоцна се покажало дека тие го намалиле користењето во просек за 12 минути. Пет проценти од нив ги оставиле неактивирани своите акаунти дури девет недели по завршувањето на експериментот. Наспроти тоа, мнозинството учесници пред научниците забележале дека сега подобро ги разбираат и добрите и лошите страни на социјалната мрежа.
Comments are closed for this post.