Шефот на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Јоргос Катругалос, иако беше најавувано за вчера, сепак денеска ќе остварат средба на маргините на економскиот форум што се одржува во Делфи, Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори, вчера објави дека фокусот на средбата на Димитров- Катругалос ќе биде ставен на имплементација на Договорот од Преспа како и на техничките и практичните проблеми што секојдневно се појавуваат од спроведувањето.
На првиот ден од учеството на економскиот форум, министерот за надворешни работи имаше свое обраќање, а одржа и билатерални средби.
Во говорот рече дека можеме да бидеме горди на она што го постигнавме денес и светот да вели дека добрите вести доаѓаат од Балканот и дека нема ништо поприродно од тоа нашите две земји да бидат пријатели, да бидат блиску, да ја отворат иднината“.
Димитров говореше за иднината, но и за она што е направено, за како што рече, она што го постигнавме и зошто го избравме најтешкиот пат, бидејќи полесниот пат беше да не се допира ништо.
На пленарната сесија, освен министерот за надворешни работи на Северна Македонија, говори одржаа шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Comments are closed for this post.