Православните верници денеска ги обележуваа големите зимски Задушници. На овој ден верницте одат на гробовите на своите најмили и палат свеќи во нивна чест. Со тоа се сеќаваме на времето поминато со нив.
Во црквите се служи Парастос на кој свештеникот пченицата ја полива со вино.
Оние пак кои не можат да ги посетат гробовите на најмилите спомен можат да им одадат и во храмовите.
Comments are closed for this post.