Денеска на седницата за пратенички прашања реагираше и пратеникот и претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села затоа што е 17-ти по ред на списокот на пратеници за поставување пратенички прашања.
Села е значаен субјект кога треба да се дискутира за теми како уставни измени, кога ви требаат игри за наводно заеднички кандидат за претседател, а за пратенички прашања не ни овозможувате да поставиме “, рече пратеникот.
Тој обвини дека некој се обидува да го спречи гласот на албанската опозиција.
Тој додаде дека последен пат пратениците од Алијанса за Албанците реагираат за ова и дека следниот пат ќе размислат како ќе постапат и ќе се потрудат седницата за пратенички прашања да не се одржи.
Comments are closed for this post.