Во Собранието денеска пратениците ќе прашуваат, а премиерот и министрите ќе одговараат.
По завршувањето на седницата како што најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев. На средбата ќе разговараат за заеднички претседателски кандидат, како и за актуeлната политичката ситуација.
Ахмети вчера изјави дека ќе разговараат на „долго и широко“ и е сигурен оти ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.
Ахмети, исто како и Бујар Османи и Артан Груби претходно, вели дека нема криза во односите во владината коалиција.
„Може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалог меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција“, изјави Ахмети.
Iзјавите на Мухамед Зекири дека може да има влада и без ДУИ, Ахмети ги коментира:
„Тоа се изјави на еден функционер на СДСМ.“
Comments are closed for this post.