Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов ги повика родинините на функионери на ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат од позициите на кои се назначени и со тоа на дело да покажат дека се борат против непотизмот.
Мицкоски молчи, не го повика својот братучед да се повлече од работното место во ЕЛЕМ турс.
Не ги повика ниту снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата.
Молкот во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ мора да прекине.
Затоа што симболот на непотизмот е токму овде, од овој дворец извира се она што 11 години ја уништуваше нашата татковина и нашето општество.
Затоа што не се само Мицкоски и Милошоски примери за непотизам, има уште многу функционери на ВМРО-ДПМНЕ чии најблиски роднини за 11 години добиле работни места платени со пари на граѓаните.
Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден пример во низата.
Речиси сите поблиски роднини на Стевананџија се вработтени во државни инситуции кои се финансираат од Буџетот, од парите на граѓаните.
– Сопругата на пратеникот Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е вработена во здравствениот дом во Прилеп.
– Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.
– Неговиот вујко, Јоска Матески, е вработен во Апелациониот суд во Битола.
– Тетката на Стевананџија, Соња Костоска, е вработена во Основниот суд во Прилеп.
– Неговата братучедка Емилија Матеска пак е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола.
Ајде Мицкоски, не молчи , повикај против непотизам! Покажи дали имаш образ!
Тргни од себе Мицкоски, повикај да се повлечат твоите роднини.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија нека ги повлечат своите роднини од државниот сектор.
Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот.
Comments are closed for this post.