Протестната нота од амбасадорот на Грција во Лондон испратена до Би-би-си заради репортажата за обесправеното македонско малцинство во таа земја е одбиена од британскиот јавен сервис.

Би-би-си вели дека тврдењата во нотата се неприфатливи и тие се отфрлени како „разочарувачки“.

Во одговорот до амбасадорот Димитрис Карамицос-Ѕирас, британскиот јавен сервис изразува разочарување и изненадување од грчката влада во однос на објавениот напис за кој вели дека содржи историски неточности и оти нема „македонско малцинство“ во Грција.

Според грчкиот дипломат, со Преспанскиот договор не се признава имплицитно „македонско малцинство“, ниту, пак, предвидува признавање на такво малцинство.

Амбасадорот дури ургирал Би-би-си јавно да ја објави нотата и тоа цела за да се прочита позицијата на Атина.

Грчки дипломатски извори, како што јави Би-би-си, подвлекуваат дека Преспанскиот договор елиминира секаква можност за покренување малцинско прашање.