Портпаролот на партијата, Констадин Костадинов побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација. Како пример за непотизам, од СДСМ го посочија пратеникот Антонијо Милошоски.
Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата. Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски, имаш ли образ? Повикај да се повлечат твоите роднини и роднините на Антонио Милошоски од морални и етички причини – изјави Костадинов.
Comments are closed for this post.