Повеќе од две недели државата ја тресе најголемиот скандал на непотизам во Република Македонија предизвикан од СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна партискиот портпарол, Димче Арсовски, две недели граѓаните ја откриваат најголемата мрежа на партизација на државната администрација и тоа со најблиските роднини на највисоките државни функционери на власта кои потекнуваат од редовите на СДСМ.
Денес ќе ви презентирам нови 4 случаеви од СДСМ заразени со оваа епидемија, а изворот на зараза се двајца пратеници од редовите на СДСМ, кои ги заразиле односно вработиле нивните роднини.
Верувале или не и пратеникот Сашко Атанасов од Василево не останал покус во однос на своите колеги. Откако е пратеник си ги вработил своите блиски братучеди Ѓорѓи Иванов како наставник по англиски во ОУ „Гоце Делчев“ и Зоран Атанасов исто така како наставник по физичко во истото училиште „Гоце Делчев“ во Општина Василево. Додека пак, третиот што го вработил, односно третата е кој ако не неговата кума која што пратеникот ја вработил во општината во Василево.
Не заостанува и неговата колешка од Тетово, Татјана Лалчевска која што е пратеник од редовите на СДСМ. Таа замислете ја вработила својата ќерка во детската градинка „Младост“.
Кои се критериумите според кој овие роднини на овие пратеници се вработени?
Ова нема крај. Ова навистина нема крај. Обичниот народ трпи за сметка на функционерите на СДСМ. Секакво лажно морализирање, секаков лажен морал, а лажен е затоа што СДСМ викаат дека дел од роднините на Мира Дизел си дале откази, а дел не, самото тоа ни покажува дека нив воопшто не им е гајле за граѓаните и единствено се грижат да ги вработат своите роднини на убави места со високи плати – истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.