Сер Алекс Фергусон сака тимот да го назначи привремениот тренер Оле Гунар Солскјер за постојано, што е можно поскоро, тврди „Мирор“.
Фергусон, кој долго време беше тренер на Солскјер токму во Јунајтед, на неколку пати разговарал со својот пулен, откако тој ги презеде „црвените ѓаволи“, откако често ја посетува и тренинг базата на клубот.
Тој бил задоволен од фактот дека поранешниот напаѓач го вратил тимот кон традиционалниот напаѓачки стил на игра, како и дека негови помошници играле во тимот – Мајкл Карик и Марк Демпси.
Солскјер дури сподели на прес-конференцијата пред натпреварот со Ливерпул дека нема ништо против Фергусон да влезе во соблекувалната и да ги мотивира фудбалерите пред почетокот на важни натпревари.
Откако пристигна на „Олд Трафорд“, Гунар Солскјер, има 11 победи во 13 натпревари со тимот.
Comments are closed for this post.