Фудбалерот на Тотенхем Деле Али периодот додека е повреден времето го користи во заведување на девојки. Тој се најде во сред скандал откако се дозна дека ја изневерувал долгогодишната партнерка со старлетата Меган Бартон.

Кога првпат ја здогледал Бартон, фудбалерот начисто побудалел, што не останало незабележано од неговата регуларна девојка Руби Меј.

По се изгледа дека старлетата била само една кратка авантура, но сега Руби не сака да му прости и отворено му кажала дека меѓу нив е крај.

Не му е лесно очигледно.