Кога 26-годишниот Лук Анус се кандидирал за советник во Лобес во белгискиот регион Валонија тој веројатно не очекувал дека ќе му биде забрането да го користи Фејсбук под своето оригинално име. Причината е неговото презиме кое не одговара на правилата на медиумската платформа.
Кандидатот на Социјалистичката партија, Лук Анус, своите идеи во кампањата ги споделувал на Фејсбук кога е заклучено дека неговото презиме е многу навредливо и не одговара на насоките на заедницата.
„Едноставно Фејсбук не го прифати моето име“, изјави Лук.
Заради тоа, тој морал на Фејсбук да се појави под псевдонимот „Ану“, па така можел да ја продолжи својата кампања, а тоа дури и му донело голема поддршка, а некои следбеници дури му напишале дека „треба да е горд на своето презиме“.
Анус, пак, коментирал дека и покрај подбивањето на социјалните мрежи, тој сепак на крајот тврди дека со нив успешно се справувал.
Comments are closed for this post.