Во Нигерија денеска се одржуваат општи избори на кои се избира шеф на државата и членови на двата дома на нигериското Национално собрание, Сенатот и Претставничкиот дом.

Изборите првично требаше да се одржат минатата сабота, но беа ненадејно одложени само неколку часа пред отворањето на гласачките места, поради технички и логистички проблеми.

Ова не е прв случај на одлагање на едни редовни избори во Нигерија, бидејќи тоа се сличи и со општите избори во 2011 и 2015 година, кои беа за по неколку недели поради логистички и безбедносни проблеми.

Во претседателската трка учествуваат вкупно 72 кандидати, но главни фаворити за победа се актуелниот претседател Махмаду Бухари, кој е кандидат на владејачкиот Сепрогресивен конгрес (АПЦ) и бизнисмен и поранешен потпретседател Атику Абубакар, кој е предложен од опозициската конзервативна Народна демократска партија (ПДП).

И на парламентарните избор се очекува овие два партии да освојат најголем број гласови и најмногу пратенички места.

Нигерија е најмоќна економија во Африка, најголем произведител на нафта и најмногубројна држава на континентот. Во 1999 година во Нигерија беше спроведена демократска транзиција по децении воена диктатура.