Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните инциденти во затворот.
Јас сум одговорен човек и пропфесионалец во службата и кога службата ќе потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка. Од досегашната истрага утврдени се пропусти и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување на затворот во Скопје. Одговорноста за тоа ја преземам јас“, рече Котевски во изјава за медиумите пред КПУ „Скопје“.
Тој повтори дека согласно очевидците и писмените изјави на лицата од вчерашниот настан, вербалните инциденти ги започнале Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, по што како што потенцираше биле физички нападнати.
Се разбира за сите физички насилства нема оправдување. Секој од нас треба да ги осуди и затоа јас преземам одговорност.
Котевски вели дека Миле Јанакиевски шетал во едно шеталиште, а после еден час Ристовски во друго шеталиште. Имало камери кои ги снимале шеталиштата, но детали не открива. Неколку пати потенцираше дека се ќе биде наведено во извештајот за инцидентот кој ќе биде готов дури наредната недела.
Во моментов Јанакиевски и Ристовски се сместени во хашките простории. Костовски тврди дека намалена ќе биде можноста да се сретнанат и да се видат со напаѓачите.
Comments are closed for this post.