Обвинетиот Игор Југ, во својата реплика на вчерашната изјава на обвинителката Вилма Рускоска, дадена на крајот од завршните зборови во предметот „27 април“, реагираше дека не било точно тоа што го кажала обвинителката, која посочи дека тој сакал да го убие Зоран Заев.
И самиот Заев, кога сведочеше, го прашав дали е сигурен дека јас сум сакал да го убијам, а тој рече дека тоа е само претпоставка – потенцира Југ.
Во текот на судењето, обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека му е жал што во судницата не е присутна обвинителката Рускоска, но веројатно, како што рече тој, оправдано е отсутна ако останала до доцна во ноќта на „Златна бубамара“.
Михајловски пред судот изјави дека информацијата за роднинската врска меѓу браќата Михаил и Стефан Младеновски со обвинителот Коле Штерјов, ја дознал од Михаил.
Comments are closed for this post.