Утрово во 09.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информираат од МВР .

На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.