Роднините на функционерите да се повлечат да се повлечат од своите работни места што ги добиле како резултат на влијанието на нивните блиски, порача денеска министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.
Тој вели дека со години алармирале за непотизам додека биле во опозиција, но како шпто потенцираше тогаш јавноста не беше информирана како сега.
А зошто СДСМ сега го прави истото и откако избија бројните скандали со вработувањата на роднини на нивни функционери бараат да се повлечат, Манчевски рече дека овие теми ги отвориле и кога биле во опозиција.
Тој ја повика Антокорупциската комисија да отвори предмети.
Манчевски вети дека ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе во јавната служба, на раководните позиции, за што се подготвуваат нови законски решенија за кои ќе се консултираат експерти и невладини организации.
Го менуваме начинот на кој што во иднина ќе се бираат луѓето за високите позиции во администрација. Затоа што да бидеме искрени од таму е проблемот, во раководната служба. Ако раководителот не се согласи на нешто, нема да се случи надоле и нема да се врши притисок. Така да почнуваме од врвот“, рече Манчевски.
Comments are closed for this post.