По неколку денови од несреќата се огласија германските лекари кои го примија фолк пејачот Шабан Шаулиќ. Тие потврдуваат дека Шабан бил свесен коа кога излегол од смачканиот автомобил. Тој нешто говорел, но тие ништо не го разбрале затоа што говорел на српски јазик.
Некако го разбрале дека го боли грлото. Лекарите веднаш му дале средство за смирување и го внеле во хеликоптер во болницата во Билефелд.
После реанимацијата му го отвориле градниот кош и тогаш забележале дека му е пукната аортата. Лекарите сметаат дека при ударот појасот од автомобилот силно му го стегнал градниот кош по што му пукнала аортата.
Comments are closed for this post.