Градскиот трговски центар ќе добие „зелен кров“. Ќе се простира на површина од 1800 метри квадратни, а на него ќе бидат засадени 29 повеќегодишни дрва, поставена ќе биде и летна сцена, кафетерија и придружни елементи, најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Град Скопје во соработка со УНДП, како дел од проектот „Отпорно Скопје“ за одржливост и справување со климатските промени, се одлучиле за ова место бидејќи последните топлотни мапирања на градот покажале дека „ГТЦ е најжешката точка“, рече Нарин Сахакиан од УНДП.
Изградбата ќе ја финансира Градот Скопје, а ќе чини 32 милиони денари. Се очекува да биде завршена во текот на летото, рече Шилегов.
Во иднина ова ќе биде најпосетуваното место, рече директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски. Поставувањето на кафетерија, како придружен елемент на зелениот покрив, директорот на ГТЦ го оправдува со економската исплатливост бидејќи за тековното одржување ќе бидат задолжени службите на ГТЦ.
Comments are closed for this post.