Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини посакува Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во Јуни. Како што јави МИА таа по денешниот Совет за надворешни работи рече дека во македонската влада гледа голема одлучност за реформстаката агенда. таа според Могерини е исто толку важна колку и спроведувањето на Договорот од Преспа.
Ова претставува позитивен чекор кој ќе има влијание врз отворањето преговори, но не е единствен елемент, и тоа нашите пријатели во Северна Македонија го знаат, дека фокусот на реформската агенда е исто толку круцијален како договорот, но јас видов голема одлучност за реформската агенда и добив уверувања кога се сретнав со премиерот Заев како и со министрите за надворешни и за одбрана, рекоа дека ќе го задржат фокусот, рече Могерини одговарајќи на прашање на МИА.
Таа додаде дека “би било добро да се има почеток на преговори не само со Северна Македонија, но и со Албанија во јуни”.
Comments are closed for this post.