„Утре ќе биде билатералната средба помеѓу СДСМ и ДУИ, каде ќе се соопштат опциите од двете страни. Ако постигнеме договор, се разбира, ќе бараме да ја шириме поддршката, прво со другите партии од коалицијата, а потоа со други интересни групи, со цел да направиме што поголемо мнозинство, бидејќи тоа го бара консезуалноста. Овој концепт сме го дефинирале како надетнички и надпартиски, не е важно да се прогнозира епилогот од кандидатот односно етничката или партиската определба на кандидатот“, Бујар Османи од ДУИ.
Во СДСМ веќе се прават анкети со имињата на Стево Пендаровски, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски… Неофицијално, на овие анкети во водство се Димитров и Пендаровски. Ако се оди на заеднички кандидат, проценките на експертите се дека Пендаровски има повеќе шанси за кандидатура од Димитров.
СДСМ изборот на нивен претседателски кандидат го закажа за 3 март на партиски конгрес.
Comments are closed for this post.