По хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, Македонија може да биде втората земја од регионот што ќе добие жена претседател.
Широката поддршка која ја доби професорката Гордана Силјановска Давкова од 408 делегати на Конвенцијата во Струга покажува дека ВМРО-ДПМНЕ се надмина себеси дека кандидатот по секоја цена мора биде од партиските редови. Лидерот Мицкоски дури и ја нарече мајка на нацијата.
Силјановска во обраќањето истакна дека нејзината кандидатура е доказ за реформскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и отворањето на порта за надпартиски кандидат.
Професорката Силјановска верува дека е надпартиска личност која може да ги собере гласовите и од десните и од левите, и од неопределените и од разочараните и од Македонците, Албанците, граѓаните од сите етнички групи. Во насока на тоа е и поддршката која ја добива од професори и интелектуалци кои жестоко ја критикуваа предходната власт.
Во однос на прашањето за името,таа смета дека никој на Македонија не може да и каже како ќе се вика. Името не одбрало нас, а не ние името,објаснува професорката.
Не пропушти да го искритикува и владеењето на Заев нарекувајќи го ментална матрица.
Заевизмот е ментална матрица – кажувам, заборавам, негирам. За жал од таа болест се инфицираа многумина.
Професорката истакна дека никој не може да ја нарекува националист и дека со неа се многу генерации студенти Албанци на кои им предавала и дека ќе се обиде да се доближи до партиите, но без да им се додворува туку да им докаже дека е најважно да имаме едно општество за сите.
Според нејзиното обраќање пред делегатите и позициите кои ги имаше во изминатиот период, тоа за многумина дава надеж таа во никој случај нема да прифати да биде обичен партиски или политички послушник.
Изборот на Силјановска како да ги помати сметките во СДСМ кои ќе се обидат да најдат кандидат кој според нив бил бил консензуален и кој може да добие голема поддршка кај владејачките партии. Изборот на кандидатот на СДСМ е најавен за 3 март.
Comments are closed for this post.