Ширум светот во ова време од годината се одржуваат карневали. Најголемиот и најпознатиот во светот се одржува во Рио де Жанеиро, оваа година од 1 до 9 ти март, а веќе почнаа подготовките за прославата. Венеција пак вчера почна со карневалските настани кои ќе траат 18 дена.
Костимирани Бразилци излегоа на улиците низ градот како дел од пред-партиска забава, а имаше многу песни и ора. Таква забава се организира веќе 10 години.
Во Венеција, прославата веќе започна со спектакуларна шоу-програма на каналот.
Овој настан привлекува многу туристи секоја година во Венеција, а различни настани се организираат секој ден. Карневалот започна на 16 февруари и трае 18 дена.
Comments are closed for this post.