Многу корисници на Инстаграм  се  изненадија кога забележаа  дека   бројот на нивните следбеници  е значително намален, а намален  е и бројот на прегледи на видеа, слики и приказни.

Дали Инстаграм почна со  “чистење” на социјалната мрежа и со бришење на лажни профили?

Од компанијата во моментов нема никакви официјални информации, но реакциите на корисниците се многубројни. Тие на социјалните мрежи се пожалија  дека во текот на ноќта исчезнале голем број на следбеници, па се чини дека е  повторно доаѓа до пресметка со лажни профили.

Дел корисниците, исто така загубија  стотици и илјадници следбеници за кратко време, според информациите објавени на Express.co.uk, а некои познати лица, наводно, биле оставени без милиони следбеници.

Бројот на следбеници е многу важен за голем број корисници на Инстаграм, особено оние кои работат со брендови и чии приходи во голема мера зависат од бројот на луѓе кои ги следат во таа мрежа.