Владата го враќа негарантираниот долг во пресметката на јавниот долг. Ова е предвидено во измените и дополнувањата на Законот за јавен долг што е во собраниска процедура. Министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА вели дека измените на законот се во насока на поголема транспарентност и во согласност со препораките што ги даваат релевантните меѓународни институции, а ќе доведе до поголема кредибилност на податоците за јавниот долг и поголема доверба од страна на инвеститорите.
Истакнува дека јавниот долг во моментот е стабилизиран и на крајот на 2018 година изнесуваше 48,7 проценти од БДП, а на крајот на 2016 година изнесуваше 48,8 отсто.
Јасно се гледа дека е стабилизиран. За споредба со периодот од 2008 до 2016 година, јавниот долг растеше со многу силно темпо. Тој е зголемен од 23,3 отсто на 48,8 отсто од БДП, истакнува министерот во интервјуто.
Опозицијата вели дека Владата се презадолжува и наведува милионски суми нов долг. Колку сме задолжени во моментот?
Би требало за ова да се кажат две бројки, што покажуваат дека јавниот долг е стабилизиран во овој период. На крајот на 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8 отсто од БДП, на крајот од 2018 година изнесува 48,7отсто од БДП, односно јасно се гледа дека е стабилизиран. За споредба во периодот од 2008 до 2016 година, јавниот долг растеше со многу силно темпо. Тој е зголемен од 23,3 отсто на 48,8 отсто од БДП.
Законот за субвенциониран станбен кредит во понеделник е исо така на собраниска седница. Од кога очекувате да почнат да се применуваат новите услови?
Новите услови ќе почнат да се применуваат откако ќе бидат донесени од страна на Собранието, а бидејќи е во собраниска процедура очекуваме дека набрзо – најверојатно во текот на овој месец или на почетокот на следниот ќе биде изгласан од страна на Собранието.
Најважно е што значајно се намалени каматните стапки. Одлично е што во земјава имаме каматни стапки за станбени кредити кои се под три отсто, поточно во првите три години со измените камата ќе биде 2,9 отсто. Досега не сме имале толку ниски каматни стапки. Подобрени се условите и намалени се каматните стапки и за четвртата и петатта година од станбените кредити. Тоа ќе направи сериозни заштеди за граѓаните. Само од намалувањето на каматната стапка заштедите ќе изнесуваат околу 1.300 евра за кредит од 50.000 евра.
Со измените државата ја зголемува и поддршката за граѓаните за младите до 35 години. Поддршката порано беше 50 отсто од ратата, сега ја зголемуваме на 70 отсто. Правиме измени и кај моделот за субвенција на учеството. И таму се зголемува субвенцијата на 70 отсто од учеството.
Целта е граѓаните кои немаат свое живеалиште да можат на многу полесен и поевтин начин да дојдат до свое живеалиште.
Comments are closed for this post.