Претседателот на Владата Зоран Заев денеска, заедно со премиерот на Грција Алексис Ципрас, зеде учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, што ја доделува Минхенската конференција за безбедност и која оваа година им е доделена на двајцата премиери за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.
Премиерот Заев го потсети форумот во Минхен дека тој и премиерот Ципрас покажале дека со кршење на стереотипите во политиката се активирала енергија која помогнала да се креираат нови правила на однесување за решавање на отворените, сложени, прашања, истовремено со создавање пријателство кое создаде амбиент за решавање на проблемот што беше исправен како пречка за многу процеси меѓу двете земји.
„Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше“, рече премиерот Заев.
Премиерот Заев, информираше дека низ целиот процес доминирала добрата и силна политичка волја да се најде решение, а Договорот од Преспа е достоинствено и прифатено решение за двете страни.
Премиерот Алексис Ципрас, пак, меѓу другото рече дека, историјата не ја пишуваат тие кои шират страв, туку тие кои се охрабруваат и создаваат решенија за генерациите што доаѓаат, и дека тој и неговиот пријател Заев ја избрале вистинската страна на историјата.
Свечениот дел од врачувањето на наградата на конференцијата „Евалд Фон Клајст“ на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи вечерва на церемонија чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Бавари.
Comments are closed for this post.