Иран побара од Пакистан да ги пронајде екстремистите одговорни за неодамнешнииот напад во кој беа убиени 27 припадници на Револуционерната иранска гарда.

„Доколку Пакистан не ги сполни своите обврски, Иран го задржува правото да се соочи со заканите на својата граница врз основа на меѓународното право, и ќе ги казни теротистите“, изјави генeрал Мухамед Али Џафари, командант на Rеволуционерната гарда.

Тој ги обвини САД и Израел дека и „наредиле” на Саудиска Арабија и на ОАЕ да го извршат нападот. Одговорност за нападот презеде терористичката група Џаиш ал-Адл Суни која е активна на иранско-пакистанската граница.