Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ може да победи и ќе победи на претседателските избори, нагласува потпретседателот Александар Николовски во пресрет на утрешната конвенција.

Но тој кандидат мора да биде способен да допре и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ и до симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се различни категории, понатаму да допре до неопределените и до незадоволните од СДСМ, а во исто време да има чисти и јасни позиции по однос на несреќната територијална организација, која што се случи во 2004 година, по однос на Законот за јазици и по однос на прашањето за името-изјави Николоски за Лидер.